Нова улицата во Добрашинци во должина од 420 метри, која води од мостот на влезот во селото, преку опфатот на насленото место па се до постоечкиот земјен пат во самото село.
Предвидено е изградба на армирано бетонски канал, бетонски коловоз со изградба на бетонски мостови за влез во дворот на домакинствата.
Буџетот изнесува околу 5 300 000 денари од кои околу 3 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа а остатокот од сопствениот буџет.
Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев денес беше на терен, каде на лице место се информираше за текот и динамиката на активностите. Според неговата информација, согласно планирањата и динамиката со која се одвиваат активностите,улицата комплетно ќе биде завршена пред крајот на оваа календарска година.