Младинците на ОК Струмица се закитија со нова Шампионска титула и тоа 15 та по ред со што докажуваат на македонската јавност дека, младинската одбојкарска школа од Струмица е неприкосновена во земјава.
На завршниот турнир во салата Партизан тие славеа во големото финале против младинците на Штип со резултат од 3:0 во сетови
Инаку во полуфиналето младинците на Струмица славеа против Синалко од Крушево а Штип беше подобар од Борец од Велес.