• Wed. Nov 27th, 2024

Нова апликација за зонско паркирање во Струмица, достапна и за странски државјани

ByЃ. K.

Feb 6, 2024

Ставена е во функција нова апликација за паркирање на територијата на Општина Струмица, која важи и за зонско паркирање за градови кои се водат под бројот 144 144 за плаќање со СМС-порака, како и за странски државјани кои ја немаа опцијата за плаќање преку порака, информираа денеска од ЈП „Паркиралишта“ Струмица.

Апликацијата може да се користи како регистриран корисник и како корисник без најава, а можностите за плаќање на зонско паркирање се преку кредитна картичка.

– Одбирање на зоната на паркирање може да се врши на следниот начин: преку автоматско препознавање на зоната доколку е вклучена опцијата Location на телефонот, со скенирање на QR кодовите поставени на информативните табли на паркинзите, со избирање на зоната од мапа, со избирање на зоната од список на сите зони, појаснуваат од „Паркиралишта“.

Додаваат дека секој регистриран има можност за преглед на сите претходни паркирања, зачувување на регистарски таблички и платежни картички и промена на лозинка. Предноста како регистриран корисник е што при отворање на апликацијата постои можност автоматски да бидат пополнети сите полиња, односно како регистриран корисник, доколку се зачувани регистарската табличка и банкарската картичка и има овозможено локација на телефонот, паркирањето и наплатата се извршуваат брзо и поедноставено.

By Ѓ. K.