Новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Бирнс, вчера положи заклетва. Неа ја испратија четворица бивши амабсадори во земјава Филип Рикер, Пол Волерс и Џес Бејли.
Рикер истакна дека Бирнс ќе ја предводи новата ера на билатералната соработка, како пријатели и сојузници на Република Северна Македонија.
На церемонијата присуствуваа пријателите, семејството и колегите на амбасадорката Бирнс, која се очекува во земјава да пристигне во јули.