• Tue. Nov 26th, 2024

НЛБ Тутунска банка АД Скопје ќе го смени името

Надзорниот одбор на НЛБ Тутунска банка му предлага на Собранието на акционери на НЛБ Тутунска банка АД Скопје да ја усвои Предлог – Одлуката за промена на назив на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Врз основа на член 39 од Статутот на Банката, Собранието на НЛБ Тутунска банка ја донесе следната Предлог Одлука:

1. Се менува називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје во “НЛБ Банка АД Скопје”;
2. Скратениот назив на НЛБ Банка АД Скопје, ќе гласи “НЛБ Банка”;
3. Оваа одлука стапува на сила по добивање на Согласност од Гувернерот на НБРМ за промена на називот на Банката, како и по добивање на Согласност од Гувернерот на НБРМ за измени и дополнувања на Статутот на Банката.
Промената на називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје се прави по инструкции од матичната НЛБ од Словенија за ребрендирање на сите членки на НЛБ Групацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *