Денес беше извршено примопредавање на должноста помеѓу В.Д. градоначалникот Горан Цветков и новиот градоначалник Никола Андонов, каде присуствуваа повеќе членови од општинската администрација.
Новиот градоначалник обраќајќи се на присутните уште еднаш потврди дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на општина Ново Село не делејќи ги по било каква основа.
Тој ги спомна и неговите приоритети кој ги вети за време на изборната кампања, односно, завршувањето на канализационата мрежа во Ново Село и обезбедувањето на чиста вода за пиење во повеќето населени места во општината.