Сѐ уште не е пуштен каналот Ѓолаја од грчка страна за регулирање на нивото на Дојранското Езеро. Грчките власти кои што се надлежни за исполнување на тој дел од заедничкиот договор чекале поволни временски услови за чистење на каналот кој ќе спречи прелевање и штети по дојранското крајбрежје.
Ангов вели дека покрај тоа што Кукуш и Дојран треба да го решат проблемот со нивото на езерото, потребно е ревидирање и на котите.
Проектот за прекугранична соработка е финансиран од Европската Унија и вреди 420 илјади евра. Со средствата од проектот се планира и набавка на мерни станици за контрола на квалитетот на водата во езерото