• Sat. Nov 23rd, 2024

Нема одговор дали забраната за погреби на големи христијански празници важи за цела држава

ByВане Трајков

Dec 20, 2022

Засега молк од МПЦ Охридска Архиепископија во однос на забраната за погреби на големи христијански празници. Нема одговор дали забраната важи само за скопската православна епархија или пак за цела држава.  И покрај обидите да добиеме став, никој од МПЦ не креваше телефон на нашите повици за да објаснат зошто е донесена ваква одлука и дали истата важи само за скопската или за останатите епархии во земјава. Телефон не креваа ниту од скопската православна епархија кое поднело барање да не се извршуваат за Св. Никола, саботните задушници но и за Божиќ Велигден.

„По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден“, пренесе пораталот „А1он“ добивајки објаснување од Скопската православна епархија.

Од Струмичка епархија не сакаат да ги коментираат одлуките на другите епархии. Инаку во ова епархија редовно се одржуваат погребите во текот на целата година. Организирањето на црковните обреди ги уредува секој надлежен архиреј посебно за својата епархија без да се меша во јурисдикцијата на другите.

Од градските гробишта во Струмица со кои стопанисува ЈП Комуналец соопштија дека овие денови се вршеле погреби. Погреби имало и во текот на вчерашниот ден за празникот за Св. Никола. Според нивниот ценовник чувањето на починат во ладилник и изложувањето  чини 2000 денари а доколку остане повеќе денови се наплака по 1500 денари секој нареден ден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *