„Би сакал како министер за економија да ги повикам граѓаните разумно да купуваат, а маркетите да направат планови за да им излезат во пресрет на граѓаните. Место за паника нема, залихи на сите неопходни намирници има“, рече Бектеши.
На вчерашната владина седница беше донесена одлука за замрзнување на цените на основните продукти односно на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства.
Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, Пазарниот инспекторат ќе врши контроли во супермаркетите дали се почитуваат цените, а граѓаните доколку забележат непочитување на оваа мерка можат да пријават на телефонскиот број 02 3220-547. Ќе се вршат контроли и во магацините и дистрибутивните центри за да ја утврди ситуацијата за можни скриени залихи на основни прехранбени производи.