Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ остануваат исти, односно не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа утврдени пред една недела.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 денари за литарм а цената на дизелот 61,5 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува на 50,5 денари за литар.
Мазутот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 0,929 денари на 35,407 денари за килограм.