• Fri. Nov 22nd, 2024

Неизвесно е покачувањето на платите во образованието – Владата вели се анализира буџетот

Во пресрет на најавениот штрајк на просветните работници, кој ќе почне на 11 април, Министерството за образование и наука, заедно со Владата и со Министерството за финансии прават анализи на буџетот за можно зголемување на платите во образовниот сектор.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) продолжува.

„Разговарав со претставници на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што како можност го нуди буџетот“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека Владата со антикризните мерки, како намалувањето на ДДВ-то од 5% на 0% на основните прехранбени продукти, им излезе во пресрет на граѓаните да не дозивеат ценовен шок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *