Недостаток на стручен кадар во земјава
63% од компаниите во земјата се соочуваат со недостаток на стручен кадар. Повеќето од дипломираните студенти не можат да бидат вработени затоа што немаат соодветно образование за потребите на пазарот. Министерката за образование рече дека од анкетираните 400 компании, 85% од нив покажале интерес да примат средношколци од стручните училишта и праксата да ја направат во нивните компании. Денеска, министерството за образование ги заврши консултативните средби во рамките на караванот „Учете мудро, работете професионално“.