• Fri. Nov 1st, 2024

Невреме со дожд повторно предизвика поплави во долниот дел на Струмица

ByВане Трајков

May 31, 2022

Доцна попладнево Струмица ја зафати невреме со пороен дожд кој предизвика поплави во долниот дел од градот. Улицата Младинска повторно беше под вода а жители реагираат на нови поплавени дворови и подруми. Градоначалникот на Струмица Костадинов објави дека екипите на ЈП Комуналец и ТППЕ Струмица се на терен но дека ке отпочне проект за трајно решавање на овој проблем

,,Не можеме денес да го решиме проблемот со нивелацијата но најитно се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата и трајно решавање на овој проблем.Дополнително ќе започнеме со дронско снимање на одводните канали за да јавно ги објавиме сите објекти кои се изградени врз одводните канали а кои предизвикуваат потешкотии во одводнувањето при такви обилни врнежи од дожд,, објави градоначалникот Костадинов на фб

За време на невремето вечерва гром удрил во куќа во селото Муртино нешто пред 21 часот, по што се запалила покривната конструкција, а по интервенција на пожарникарите е изгасната. Нема повредени, информираа од ТППЕ Струмица, од каде интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *