• Sat. Nov 23rd, 2024

Невладините од Струмица ќе реализираат 26 проекти со финансиска поддршка од Општината

ByЃ. K.

Jul 19, 2023

Невладините организации од Струмица до крајот на годината ќе реализираат 26 проекти со финансиска поддршка од Општината од локалниот економски развој и туризам, заштита на животната средина, култура и млади, социјална и детска заштита и од Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите.

Ова го соопшти градоначалникот Костадин Костадинов на денешната средба со претставници на здруженија на граѓани и фондации кои добија општинска финансиска поддршка за нивните проекти по распишаните Јавни повици.

  • Најважно е дека сите доставени проекти од Здруженијата на граѓани и Фондации од општина Струмица за 2023 година во рамките на општинските стратешки определби и политики, а во интерес на граѓаните, ја добија нашата финсиска поддршка. Како што знаете, целата постапка беше јавна и транспарентна, со формирање на Комисија за спроведување на Јавните повици, која го изврши и изборот на проектните иницијативи, а ќе ја следи и реализацијата на проектите, рече Костадинов.

Додаде дека за оваа намена од буџетот на Општина Струмица се издвоени 5.577.871 денари, а најави дека во иднина оваа ставка ќе се зголемува.

Костадинов истакна дека е задоволен од големиот интерес на здруженијата на граѓани и фондациите од Општина Струмица и од нивните проектни иницијативи кои се мошне значајни и што е најважно се компатабилни со општинските стратешки документи и приоритети за 2023 година и избрани по усвоената ЛОТ Методологија.

Опсервер

By Ѓ. K.