• Sat. Nov 23rd, 2024

На Југоистокот ќе се прска против комарци на 14 јуни

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14.06.2022 година, информираат од Центарот за развој на југоисточниот плански регион.

Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот за јавни набавки дојде до непланирано продолжување на тендерската постапка и поради тоа прскањето против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион не можеше да биде започнато во планираниот временски период, изјавува Жулиета Ѓуркова Директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *