• Mon. Nov 25th, 2024

На социјалните прежи се појави видео каде осудениците се поигруваат со eкс началникот на кочанската полиција

Се појави виде запис направен во една од затворските простории во струмичкиот затвор каде јасно се гледа како на еден од осудениците му се подсмеваат и наредува од друг затвореник да ја земе метлата и да ја мете просторијата. Синоќа после 21 часот на социјалните мрежи на повеќе профили беше објавена видео снимка од затворот во Струмица, каде казна издржува и поранешниот началник на полициска станица Кочани, Ванчо Тодоровски и е во преден план на видео записот.Во казнено поправните домови и затвори со закон е забрането внесување на телефонски апарати.Видеото е направено токму од телефон а како е внесен истиот било расчистено синоќа по појавувањето на видеото од страна на раководните структури на КП СТрумица.
Првиот човек на установата Борче Цветков не информираше дека затвореникот кој ја наравил видео снимката нелегално го поседувал телефонот во затворот.По констатацијата и верификацијата на настанот биле донесени дисциплински постапки и според правилникот на установата била изречена и соодветна казна.
Во струмичкиот затвор има и лица од Кочани кои ја одлежуваат затворската казна и по информацијата дека токму екс началникот од Кочани ќе биде меѓу нив се појавилеи првите реакции.
Инаку, екс началникот Ванчо Тодоровски е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и изнуда . Во периодот од 2006 до 2011 година Тодоровски искористувајќи ја својата службена положба повеќе пати принудил печалбар од Италија да му исплаќа парични средства во износ од 100 и 200 евра, како и подароци заради „простување“ на наводно констатирани сообраќајни прекршоци.
Истиот е разоткриен во полициската акција „Детонатор“ .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *