На патот Радовиш – Штип се случила сообраќајна несреќа во која две лица се тешко повредени. Според министертвото за внатрешни работи на магистралиот пат Радовиш Штип, кај селото Лакавица патничко моторно возило излетало од патот.
Во незгодата е повреден шеесет и пет годишниот возач В.Б. од Украина и шеесет и три годишниот сопатник И.Ф. од Русија.Повредените лица се пренесени во Штипската болница каде им е укажана лекасрка помош, во Клиничкиот центар се констатирани телесни повреди кај возачот, а додека кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди.