• Fri. Nov 22nd, 2024

На Клиниката за неврохирургија извршен сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

„Денеска со мојот тим на Клиниката за неврохирургија имавме исклучително сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе.“, објави поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче.

„Нашиот мал пациент имаше вродена аномалија на черепот, неговата состојба беше комплексна и мораше веднаш да се оперира како не би дошло до поголеми компликации. Операцијата која траеше неколку часа, помина во најдобар ред и со помош на оваа интервенција на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст и развој.“, стои во објавата на Филипче.

By Ѓ. K.