Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што годинава ќе се одржи по 41. пат.
Како што информираат од Oпштина Аеродром, коњаниците наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар.
Коњаничкиот марш, како и секоја година,ќе стартува на 27 јули од оваа скопска општина, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а истата се одржува под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје.
извор:makfax