• Tue. Nov 26th, 2024

НА Д ФЕСТИВАЛ ОВА ГОДИНА ЌЕ ГОСТУВА СИНОТ НА БОБ МАРЛИ, КЕЈ-ВАЈ МАНИ

Прославата на јубилејното 10. издание на Д фестивал во Дојран поради коронакризата е поместена за догодина, а оваа година фестивалот ќе трае само еден ден, објави организаторот „Пасворд продукција“. Годинава ќе се одржи на 22 август, а догодина од 2 до 4 јули. „Д фестивал и пријатели“ ќе биде своевидно скратено издание на фестивалот, во рамките на кое на 22 август на главната бина ќе настапат некои од најпопуларните домашни музички имиња: „Суперхикс“, ЛД Пистолеро, „Бернајс пропаганда“, „Плуто‘с даутс“, Принцес Донатсу, Бон Праскиза и Донплеја. Бројот на посетители ќе биде ограничен на само 30% од предвидениот капацитет.

„Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го закажавме за 2021“, објави органиаторот. Меѓу артистите кои досега се потврдени е синот на Боб Марли, Кеј-Вај Мани.

„Сите кои имаат набавено билет за Д фестивал до 30 јули 2020 ќе можат со истиот да присуствуваат на две Д фестивал изданија – на годинашното еднодневно и на наредното големо роденденско издание во 2021 година, каде што ќе ни се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци“, вели организаторот.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *