• Tue. Nov 26th, 2024

Најсиромашните во Струмица добија пакети со храна на Денот против гладот , нивната бројка расте алармира Организацијата на жени

Стотина домакинства од Струмица кои секојдневно се соочуваат со глад и сиромаштија добија пакети со прехрамбени производи по повод Меѓународниот ден на борба против гладта. Нивниот број од година во година расте, тврдат од Организацијата на жени  кои заедно со Општината и Банката за храна на Македонија го одбележаа денот, со аларми дека мора да се обрне поголемо внимание на ранливите категории луѓе бидејки во земјава над 180 илјади граѓани преживуваат со 40 денари дневно.

„Состојбата е алармантна. Ако до пред 6-7 години кај нас доаѓаа по една до две жени кои се соочуваат со сиромаштија и глад на нивните деца, сега секојдневно ни тропаат и бараат помош од нас бидејки немаат храна да го поминат денот. Најчесто се лица со социјален ризик и немаат никакви примања за оброк“, истакна Ленче Христова од Организацијата на жени

Според Банката за храна на Македонија, околу 5 00 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата. Од таа причина тие инсистираат да се донесе закон за нефрлање храна по депонии бидејки, според нив, со фрлените количини храна на која ѝ истекува рокот, може да се обезбеди оброк на над 20 илјади домакинства во земјава.

Акцијата за доделување прехрамбени пакети ја подржаа повеќе фирми од Струмица, но и Општината која пет години издвојува средства од буџетот за помош на најсиромашните преку Банката за храна на Македонија.

img_20161016_115157-1 img_20161016_114850

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *