Младите ракометари од РК ,,Астраион,, од Струмица кој функционира не повеќе од една година ја прокнижаа и третата победа во Пионерската лига . Тие годинава пријавија екипа и газат се пред себе во третата група, каде се пријавени вкупно 8 екипи , генерација 2000 година. Станува збор за клуб кој го формираа поранешни ракометари од Струмица предводени од Димитар Пандев кој своевремено беше вистински голгетер и со огромно искуство а каде тренираат голем број на млади ракометари во повеќе генерации.
Струмичките млади ,,астраионци,, викендов во сите елементи ги надиграа надежите на МРК Куманово со 23:13, слично како и во дуелите со пионерите на Текстилец од Штип и Радовиш. Против штипјани во второто коло славеа со 20:12 а против радовишките деца славеа во првото коло со резултат 26:11.
Со ова трета победа и со 69 постигнати голови младите струмичани се на лидерската позиција со 9 бода колку што има и Прилеп со кој РК Астраион ќе се сретне во 7 коло
Следното коло ,,астраионци,, патуваат за Велес за да ги одмерат слилите против Велес 2009.