Замина и септември, а социјалните станови во Струмица останаа не распределени. Најави од министерството за транспорт и врски имаше дека средината на септември ќе се распише огласот по трет пат , а становите конечно ќе ги добијат новите станари. Според систематизацијата која беше корегирана , идните станари треба да бидат самохрани мајки, деца без родители, родители на деца со попречености, корисници на минимална загарантирана помош, лица погодени од елементарни непогоди, припадници на ромската заедница кои се и социјално загрозени.
Денес ги контактиравме од министерството за транспорт и врски, децидни се дека наскоро ќе се распише огласот, во мометов се формирала специјалната комисија составена од претставници на министерството за труд и социјална политика и министерството за транспорт и врски. По нејзиното формирање ќе се распишел и огласот оти тие ќе треба да одлучуваат дали и кој ќе бидат новите сопственици на станови.
Првиот оглас за 37 те станови воо новата зграда на излезот од градот беше распишан почетокот на февруари минатат година а јуни го поништи оти од 80 те пристигнати апликации само дваесет биле со комплетна документација.Граѓаните кои сакаа и ги исполнуваат критериумите за аплицирање чекаа нов повик.Новиот повик министерството за труд и социјална политика го распиша после цели 8 месеци, па така на 19 февруари година со корегирана категоризација распиша нов оглас.
Набрзо после вториот повик истиот беше повторно поништен. Образложение беше дека немало интерес. Само 20 апликации биле пристигнати во Центарот за социјални грижи во Струмица , а најголем интерес имало од самохраните родители.
Додека министерството за транспорт и врски реши кога повторно ќе го објави огласот , становите на „Ѓорги Василев “ ќе чекаат идните сопственици да комплетираат повторно нова документација , оти старата има важност само 6 месеци.