Драган Начевски се збогуваше со активна играчка кариера. Тој вчера го одигра последниот натпревар на фудбалски терен и тоа во дресот на сениорската екипа на ,,Академија Пандев,, која вчера го подигна Шампионскиот пехар и се најде во елитата.
Начевски сепак останува со фудбалот. Тој ќе биде еден од тренерите на младинските погони на ,,Академија Пандев,, чие раководство вчера му го додели неговиот дрес и повеќе подароци за неговиот учинок во сениорскиот состав и пласманот во Првата лига
Драган во својата играчка кариера има освоено два Шампионски пехари и четири Куп трофеи. Играше за Вардар, Металург, Тетекс а беше и во Азербејџан, Кипар. Грција. Во неговото CV како активен фудбалер стои и дека има 14 репрезентативни настапи