Креативноста на наставниците е бескрајна, многупати сме сведочиле и тие одново не изненадувале. Особено сега, кога треба училницата да биде пријатно место за учење, во услови на празни столчиња и растојание помеѓу децата и учителките.
Наставничката Билјана Гунова од основното училиште „Никола Вапцаров“ има одлична идеја како децата да уживаат повторно во училишните клупи. За добредојде, училницата ја претворила во возен парк, а за децата креативни визири со забави апликации.