• Sat. Nov 23rd, 2024

Наскоро отворени граници, но со мерки за превенција

Отворањето на границите како еден од сигналите за попуштање на мерките и враќање во новото нормално секојдневие, за стручната јавност би бил добар чекор кој би значел и добра можност за развој на туризмот. Но, експертите предупредуваат дека оваа мерка би можела да биде ризична доколку не се почитуваат мерките и препораките од надлежните институции за спречување на ширењето на корона вирусот во земјава.

Владата веќе одлучи полицискиот час да биде укинат од денеска, а угостителските објекти да почнат со работа од утре. Комисијата за заразни болести треба дополнително да каже кога ќе може да се отворат границите и кога ќе може да отворат хотелите.

Во меѓувреме, Албанија најави дека од 1 јуни ги отвора границите за Македонија, додека Србија веќе ги отвори. Соседна Грција најави отворање на туристичката сезона од 1 јуни. Бугарија соопшти дека се согласила со соседните Србија и Грција да ги олеснат рестрикциите за патување на 1 јуни воведени зарази спречување на ширењето на коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *