Струмичкиот театар ја подготвува комедијата „ПЕТОК 13-ти“ чија премиера ја најавуваат наскоро.
Се работи за современа сценска приказна која освен што силно нѐ засмева, во исто време нѐ соочува со нас самите, онакви какви што сме длабоко во себе, без маските што ги носиме во секојдневието, со сите наши стравови и посакувања.