Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари.
Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 проценти во однос на одлуката од 17 месецов.