Викендов продолжуваат натпреварите од Првата женска одбојкарска лига на Македонија. Се играат дуелите од третото коло во кое најголемо внимание привлекува утрешниот меч во Струмица меѓу Наковски волеј и Универзитет Тетово кој се игра со почеток во 18 часот во салата при СОУ,, Димитар Влахов”
Станува збор за дерби во третото коло имајки во предвид дека се среќаваат два тима кои имаат високи амбиции ова сезона. Одбојкарките на Хари Наковски имат победа против УГД Штип и бод од гостувањето кај Работнички со оглед на поразот од 3:2 во сетови
Гостинките пак од Тетово немаат победа и во Струмица ќе се обидат да направат изненадување
,, Се надеваме на силна подршка од трибините и ќе успееме да ја оствариме и втората маскимална победа,, изјавија од стручниот штаб на Наковски волеј
Во ова трето коло Виктори волеј му гостува на Бамикор во Тетово додека Македонија Макс на Јанта Волеј во Скопје