• Fri. Nov 22nd, 2024

Наковски Волеј останува на врвот во женската одбојка, славеше против Пелистер но им дозволи сет

ByВане Трајков

Nov 24, 2018

Одбојкарките на Наковски  Волеј забележаа победа против битолскиот состав Пелистер волеј со 3:1 во сетови во рамките на седмото коло од Првата одбојкарска лига на Македонија.  Избраничките на Харри Наковски иако имаа доминација на теренот сепак на гостинките од Битола им дозволија да освојат сет.

По водството од 1:0 во сетови за Наковски (25:19) , домакинките дозволија  Пелистер да го добијат вториот сет со 25:21 иако избраничките на Хари Наковски можеа да го добијат, но потфрлија во финишот со грешките.

Лути што го загубија вториот сет, струмичанки беа немилосредни во третиот и четвртиот кои ги добија со 25:13 и 25:15 за конечни 3:1во сетови против Пелистер

Во таборот на Наковски волеј на сервисот блескаа Сара Делчева, Даниела Велинска и Ивана Милева а свое шоу на мрежаа имаа Пале Димитриева, Ана Фасулева, Ива Стојанова и Кристина Ѓеоргиева. Ова е 6 победа на Наковски волеј со која остана на втората позиција за разигрување на шампионската титула

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *