• Tue. Nov 26th, 2024

Над 80 денари стаса и бензинот од 95 октани, за 2 денари се покачи и дизелот

By

Feb 7, 2022

Ново поскапување на нафтените деривати – за 1,5 денари поскапуваат бензините, за 2 денари по литар дизел горивото и нафтата за домаќинствата. Бензинот од 95 октани од вечерва по полноќ ќе се продава за 81 денар по литар, што значи дека ја премина цената од 80 денари, додека бензинот од 98 октани ќе се продава за 83 денари по литар. Еуродизелот ќе чини 73,5 денари, додека нафтата за домаќинствата 73 денари по литар.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, од 8 февруари, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,662 %, кај дизелот за 4,010 % , кај екстра лесното масло за 3,372 % и кај мазутот за 4,670 %, велат од Регулаторната комисија.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,347 %

извор:https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/nad-80-denari-stasa-i-benzinot-od-95-oktani-za-2-denari-se-pokachi-i-dizelot

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *