• Fri. Nov 22nd, 2024

Над 700 возачи казнети за брзо возење, некои возеле над 200 км на час

ByВане Трајков

Mar 14, 2022

Само во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција казни 731 возач за брзо возење на улиците и патиштата низ Македонија. Десет возачи од казнетите возеле со над 70 километри на час побрзо од дозволената брзина, а тоа значи дека на автопатиштата некои возачи возеле со брзина од над 200 киломтери на час.

Од санкционираните 731возач, 76 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Во населено место дозволената брзина ја пречекориле 313 возачи, а 417 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *