Локалните власти, граѓанските здруженија, микро и малите претпријатија, туристичките агенции и работници имаат на располагање нешто над 14 милиони евра за проекти наменети за развој на туризмот преку ИПА 2 програмата на ЕУ. На 16 март е објавен повикот за прибирање понуди за интерес, и дополнително апликации чиј износ зависи од самиот апликант.
Општините, јаните институции и центрите за регионален развој доколку настапуваат самостојно може да добијат максимално по милион евра, но доколку работат партнерски и до 3 милиони евра. Поединечно, проект на граѓанските организации би се финансирал до 50 илјади евра, а партнерски и до 150 илјади евра. Приватниот сектор и малите и средни претпријатија може да добијат до 100 илајди евра за поединечен, или до 300 илјади евра за партнерски проект.
Општина Босилово е една од четирите општини кои доби проект по првиот повик од оваа програма. Со околу 65 илајди евра, ќе се надградува Моноспитовско блато преку проектот „Унапредување на условите за развој на алтернативен туризам во Моноспитовско блато“ кој ќе се реализира во рок од една година по потпишувањето на договорот.
Развојната цел на прогхрамата е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на институциите со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинациите.
По првиот повик, четири општини добиле проекти во висина од 2 милини евра.