Професорот по гитара Васко Пиличев ќе биде дел од меѓународното жири на меѓународен натпревар по гитара.
Натпреварот во Кјустендил Р. Бугарија се одржува по 21 пат и е еден од најпрестижните натпревари на Балканот со најдолга традиција. На натпреварот учествуваат ученици и студенти од различни земји. Возраста на учесниците е од деца во претшколска возраст до студенти по гитара, а ги отценува жири комисија во огромен број составена од еминентни имиња од таа област од цела европа (Украјна, Русија, Србија, Бугарија, Македонија, и други).
Покрај тоа што м-р Васко Пиличев ќе биде дел од жири комисијата тој ќе учествува на натпреварот и со свои ученици – двајца солисти, едно трио и еден квартет од кои исто така се очекува одличен успех.