• Mon. Nov 25th, 2024

Муслиманите слават Курбан-Бајрам

Денес почна славењето на еден од најголемите муслимански празници Курбан Бајрам, кој секогаш се празнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почна тридневната прослава, во која почитта кон Алах, муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Верниците од муслиманска вероисповед велат дека овој празник се слави многу оддамна. Раскажуваат за некој човек кој долги години немал деца, и се заколнал дека доколку добие принова ќе дава курбан. Оттогаш според верувањата го слават Курбан Бајрам.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој.