• Sat. Nov 23rd, 2024

Можно е учебната година да почне на средината на септември

ByIvana Vangelova

Jun 19, 2023

За почетокот на новата учебната година 2023/2024, се дискутираат три нови предлози ,рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„Доколку одлучиме да почне на 1 септември, ќе почне, тоа е петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа ќе биде во средината на септември, не би сакал да зборувам за датуми. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст“, рече Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања на настан со Црвен крст.