• Fri. Nov 22nd, 2024

Младите од Струмица и регионот во Europe House разговараа на тема Одржливо земјоделство

ByЃ. K.

Nov 30, 2023

Четвртиот настан од COP28 Warm-up with Europe House Network се случи во Europe House Струмица, каде заедно со група млади од Струмица и регионот проф. Томе Тимов дипл.инж. по земјоделски науки и храна, основач и претседател на Horti Eko, се разговараше на тема Одржливо земјоделство.

Во рамките на работилницата, беше спроведено практично истажување на контрола на квалитетот на почвата и водата, кои се клучни фактори за органско производство на храна. Се разговараше за тоа какви напори се потребни да се вложат со цел приклучување на зелениот пазар со поддршка на локалните земјоделци и поттик за свесно консумирање.

By Ѓ. K.