• Sat. Nov 23rd, 2024

Младите гитаристи Дојчинов и Мираковски со награди на Меѓународниот фестивал „Полихимнија“

Успешен старт на Меѓународниот фестивал на Полихимнија во Скопје за младите музичари од ОМУ „Боро Џони“ во Струмица. Гитаристите од класата на професорот Васко Пиличев се враќаат со две награди. Втора награда за Христијан Мираковски и трета награда за Велјан Дојчинов.

Меѓународниот фестивал на Полихимнија е манифестација која традиционално се одржува трета година по ред во втората половина од месец март низ концертните сали ширум главниот град. Учество земаат ученици и студенти од Република Северна Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Оваа година фестивалот ќе се одржи во Скопје од 27.03.2018 до 01.04.2018 година.

Oваа година  ќе бидат застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба ( пијано, флејта, виолина,виолончело, труба, кларинет, соло пеење ).

Првиот Меѓународен  фестивал Полихимниа се одржа од 17.03.2016 до 21.03.2016 година во КИЦ во Скопје, а  програмата беше збогатена со учество на проф. Јелена Тихомировиќ  и проф. Метод Сирониќ познато камерно дуо од Хрватска кои  го отворија првиот фестивал со целовечерен концерт, беа дел од меѓународното жири на фестивалот, а гостинот од Хрватска одржа семинар по флејта.

Минатата година фестивалот и натпреварот беа единствен проект од ваков вид во нашата земја со учество на десет земји учеснички ( Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово , Бугарија и Р. Македонија ).

На фестивалот но и во натпреварувачкиот дел учество земаа и еминенетни музички педагози од земјава и странство кои го збогатија овој фестивал со нивното учество во жири комисиите, семинарите и се претставија  како солисти на концерти. Учесниците имаа можност да  присуствуваат на работилниците и на концертите на многу европски и македонски познати и искусни професори и изведувачи како Дарко Костовски – пијано, Пенчо Пенчев – труба, Маја Џого – пијано, Владимир Кох – виолина, Елена Шот – соло пеење, Милутин Барбул – кларинет , Александар Кузмановски – виолончело и др. Во рамките на фестивалот се одржа и концертот “Учениците и професорите заедно музицираат”  и семинарот  “Александрова техника” со проф. Наталија Јовиќ од Србија.

Најдобрите учесници на фестивалот добија статуетки, а на најуспешниот учесник на натпреварот му беше доделена наградата за ” Лауреат на фестивалот” –  статуетка и парична награда. Очекуваме дека годинешниот лауреат на фестивалот ќе настапи на една од сцените на некои од познатите музички фестивали во Европа.

Овој фестивал се збогатува секоја наредна година со бројот на учесници (бројката се искачи над 300 учесници минатата година ), но и по квалитетните музички содржини кои ги нуди. Меѓународниот Фестивалот Полихимниа го оправдува својот префикс  “меѓународен”, а културните  сцени во главниот град стануваат поле на музички идеи, емоции и збогатување на музичкиот културен живот во Република Македонија. Позитивните  реакциии  кои ги доби овој фестивал од  публиката,  но и од музичките работници во нашата земја  покажува дека оваа манифестација е повеќе од потребна на музичкиот простор во Р.Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *