• Wed. Nov 27th, 2024

Младите волонтери од Црвен Крст денеска со силна порака за заштита на младите од трговија со луѓе и проституција

Трговијата со луѓе е модерен израз за ропство. Тоа е многу сериозен криминал кој ги загрозува основните човекови права. Секој може да стане жртва,најчесто се младите.Завршуваат на пазарот за бело робје или трговија со органи.Па затоа денес млади од Црвениот Крст сакаа да упатат силна порака на своите врсници да внимаваат кому веруваат и кои се ризик факторите.

Од Црвениот Крст од Струмица велат дека свеста мора да се подига кај младите.Денес истакнаа дека позитивно е тоа што во глобални рамки земјите се повеќе ги подобруваат заштитните механизми за заштита на идентификувани жртви на трговија со луѓе.

Доминантна форма на трговија со луѓе во Македонија е сексуалната експлоатација, но постојат и случаи на принудна работа и принудни малолетнички бракови. Во текот на оваа година идентификувани се седум жртви на трговија со луѓе, а од нив мнозинството се деца до 14 години. Сите седум жртви се од женски род.
Во 2018 се идентификувани и 76 потенцијални жртви на трговија со луѓе и 172 ранливи лица, кои се упатени на добивање соодветна помош и поддршка до релеватните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *