Младиот талент од Тетово, Македон Димитровски, повторно го освои златниот медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на месецов.
Учествувајќи во натпреварот за трето одделение, тој ги покажа своите вештини и заслужено го освои првото место. Резултатите од натпреварувањето беа објавени на официјалниот веб-сајт на турнирот.
Инаку, Македон стана прв основец кој го доби признанието за млад талент и имаше активно учество во зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговото познавање на делото на светите браќа Кирил и Методиј и старословенската азбука ги воодушеви присутните, а во исто време успешно учествуваше и во шаховско натпреварување, каде постигна нерешен резултат.