Во македонскиот У-19 шампионат, младинска лига на фудбалери до 19 години, тимот на АП Брера Струмица го „растури“ Скопје со конечен резултат 20:0.
Никола Талески и Живко Крстев биле најефикасни играчи, постигнале по осум голови.
По пет одиграни кола тимот на Скопје нема ниту еден бод, а гол разликата на овој тим е 0-63.