Младинскии совет ги донираше првите пари од собраните средства на новогодишно-божиќниот концерт. Парите ги уплатиле на донациската сметка на семејство Доневи од Чикаго. Во сообраќајната несреќа на ова семејство, загина 41-годишната струмичанка Виле Донева, нејзиниот сопруг е со тешки повреди и се бори за живот, а повредени беа и нивните три деца 13-годишниот син и 3-годишните близначки.
Дел од остатокот од вкупно 106 илјади денари кои биле собрани на концертот, ќе бидат уплатени на сметка за 4годишно девојче од Анѓелци, а другите согласно пристигнатите барања од граѓаните, велат од Младинскиот совет.
Деновиве ќе почнат со распределба и на хуманитарните пакетчиња кои ги донираа струмичани.
Од Младински совет велат дека се подготвуваат за велигденскиот хуманитарен концерт, а секако согласно потребите ќе организираат и други настани за помош на струмичани.