• Mon. Nov 25th, 2024

Министерството за здравство почнува кампања за промовирање на вакцинацијата

Во рамки на кампањата, велат од Министерството, медицинските тимови треба да посетат 120 населени места и над 2 900 семејства каде што е забележан понизок опфат на вакцинација и да ги информираат за придобивките од имунизацијата

Над 30 медицински тима од здравствените домови во државава во наредните пет недели ќе ги посетуваат семејствата каде што има понизок опфат на вакцинирани лица и ќе ги информираат за придобивките од имунизацијата, ќе делат промотивен материјал и во договор со нив ќе може да се закажуваат термини за вакцинација од редовниот календар за имунизација.

Ваквите теренски активности се во рамки на кампањата за промовирање на имунизација на Министерството за здравство (МЗ) по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023. Кампањата се реализира заедно со Светска здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ).