• Sat. Nov 23rd, 2024

Министерството за здравство воведува вонболничка постоперативна грижа

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информираше денеска на прес-конференција државниот секретар во министерството.

Од таму велат дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект.

– Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција – истакуваат од ресорното министерство.
Здравствени работници телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно, во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола.

Во овој период пациентот ќе може да се јави за секоја промена на неговата здравствена состојба на определената медицинска сестра за добивање медицински совет на телефоните, кои ќе бидат јавно достапни на веб-страната на Министерството за здравство .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *