Во врска со Вашето прашање за ставот на Министерството за економија во врска со донесена пресуда од Управниот суд по Тужбата на тужителот ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС Скопје, Ве информираме дека пресудата која ја спомнувате во Вашето прашање сеуште не е пристигната до Министерството за економија. Откако ќе пристигне, Министерството за економија ќе одговори во законски утврдените рокови.
Инаку, ставот на Министерството за економија дека е оправдано и законски основано раскинувањето на предметниот договор за концесија останува. Имено, Концесионерот ја нема доставено целокупната документација кон Барањето за дозвола и покрај дополнителните рокови за дополнување на истата и заради тоа исполнети се условите утврдени во Законот за минерални суровини за раскинување на договорот.