• Sat. Nov 23rd, 2024

Министерот Спасовски на седница на Локалниот совет за превенција на Дојран

ByВане Трајков

Jun 27, 2019

Локалниот совет за превенција како меѓуинституционално тело претставува извонредна можност за навремено и точно детектирање на сите предизвици важни за функционирањето на една локална средина, но, уште повеќе – можност за локално стратешко планирање и нудење сеопфатни решенија кои ќе бидат целосно во интерес на сите жители на општината, рече министерот Оливер Спасовски на денешната седница на Локалниот совет за превенција на општина Дојран.

-Партиципацијата на полицијата во работата на Локалниот совет за превенција за нас во Министерството за внатрешни работи е од исклучителен интерес како во поглед на продлабочување на комуникацијата со граѓаните, така и во поглед на интензивирање на таа соработка особено во контекст на нашата примарна цел да ја етаблираме полицијата како реален сервис на граѓаните.  Само преку блиска, секојдневна и отворена комуникација меѓу граѓаните и полицијата можеме да претендираме на подинамично зголемување или подобрување на квалитетот на живеење, од аспект на проблематиките и работите за коишто законски е обврзана и надлежна полицијата. Всушност, токму блискоста и соработка го сочинуваа темелот на ефикасното превентивно делување- рече министерот Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *