Во организација на Тенискиот клуб НЕТ од Струмица минатиот викенд се одржа тенискиот турнир СТРУМИЦА ОПЕН 2023.
На истиот учествуваа 14 тенисери. Во финалето се сретнаа добро познатите противници Панче Илиев и Ване Андонов. Поуспешен беше помладиот Ване Андонов кој го освои првото место. Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов беа едни од покровителите на турнирот.
Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица, беше присутен за време на финалето и на доделувањето на наградите за најдобрите.