• Sun. Nov 24th, 2024

МЗВШ: Со авиони ќе се разбива градот и ќе се штитат посевите

Со 90 милиони денари од Програмата за рурален развој наскоро ќе биде набавен новиот систем за заштита од временски непогоди во земјоделството.

Системот, со т.н. авионско засејување на облаците, ги разградува врнежите град, заштитувајќи ги на тој начин посевите.

Како што соопшти денеска портпаролката на Министерството за земјоделство Соња Јанковска, во завршна фаза е подготовката на техничката спецификација, а штом заврши процедурата за јавна набавка и се јави потреба, новиот систем за заштита ќе биде ставен во функција.

-Се работи за нов систем кој предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците. Практично, постигнува поквалитетна и порационална заштита на посевите од град. Реагенсот што ќе се испушта од авионот ќе влијае на разградување на градот, објасни Јанковска на прес-конференција во Владата.

Од сите досегашни анализи, авионското засејување на облаците наспроти останатите механизми се покажало како најефикасна превенција. Земјите од регионот како Грција и Бугарија веќе го користат и имаат позитивни резултати. Неколкукратно е поекономичен од старите ракетни системи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *