Екипите на МЕПСО заедно со колеги од ЕВН го санираа дефектот што се појави на Трафостаницата кај Сушица со што е пуштена истата на . преносната мрежа . Ова значи дека населените места од општините Босилово и Ново Село добија електрична енергија информираа од МЕПСО
Националниот диспечерски центар вчера регистрирала безнапонска состојба во трансформаторската станица „Сушица“ во близина на Струмица поради пожар. Причина за испадот е голем дефект на примарната опрема на едно 110 киловолтно поле по што, согласно со процедурите за манипулации во постројка, била исклучена целата трансформаторска станица. Заради дефектот без напојување со електрична енергија останаа неколку населени места во тој регион.