Министерството за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за случајот со убиениот напаѓач во синоќешниот терористички напад во Виена за кој медиумите објавија дека е Албанец со потекло од Северна Македонија.
Во терористичкиот напад беа убиени четворица цивили, а 17 се повредени.
„Австриската полиција преку „Европол“ достави барање за соработка и инфромации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува“, велат од МВР.
По објавите во австриските медиуми и министерот за внатрешни работи на Австриа Карл Нехамер потврди дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.
извор: Макфакс